Достапни линкови

logo-print

Триесетина слаби земјотреси почуствувани во преспанскиот крај


Серија од триесеттина слаби земјотреси регистрирани се во текот на изминатата ноќ и рано утринава во преспанско-битолскиот регион.Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје,соопшти дека епицентрите на земјотресите потекнуваат од преспанско-битолскиот регион.
Еден земјотрес од оваа серија, како што соопшти денеска Сеизмолошка опсерваторија, беше почувствуван во 02 часот и 23 минути во Битола, Ресен и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.
XS
SM
MD
LG