Достапни линкови

Напад врз политичари од владејачката партија во Индија


Илустрација, архивска фотографија

Илустрација, архивска фотографија

Најмалку 23 луѓе загинале а над 25 се ранети при напад на група маоистички бунтовници во источниот дел на Индија. Бунтовниците нападнале конвој во кој се возеле припадници на владеачката Конгресна партија. Полицијата соопшти дека буновниците активирале мина и отвориле оган врз конвојот во областа Сукма. Меѓу загинатите се неколку полицајци и двајца лидери од партијата. Индискиот премиер Манмохан Сингх вети дека владата ќе ги пронајде напаѓачите, и дека бунтовниците се најголемата домашна безбедносна закана. Претседателката на Конгресната партија Соња Ганди чинот го нарече „кукавички напад“ врз демократските вредности во земјата.
XS
SM
MD
LG