Достапни линкови

Дачиќ: Разговорите со Тачи се статусно неутрални


Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека пред денешната владина седница, телефонски ќе разговара со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, која посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина, со цел да бидат разјаснети некои спорни прашања. Тој потенцира дека од неа ќе побара потврда дека досегашните разговори биле статусно неутрални. Потпретседател на српската Влада Александар Вучиќ вчера изјави дека треба да се направи обид Србите на Косово да добијат уште некои гаранции околу клучните прашања поврзани со имплементацијата на Бриселскиот договор.
XS
SM
MD
LG