Достапни линкови

Баерн на врвот на Европа


Тренерот на Баерн Јуп Хајнкес

Тренерот на Баерн Јуп Хајнкес

Фудбалерите на Баерн од Минхен ја освоија титулата европски клубски шампион, откако вечерва во финалето на Лигата на шампионите на Вембли во Лондон, ја совладаа Борусија од Дортмунд со 2:1. Поведоа баварците со голот на Манџукиќ во 60-та минута, а изедначи Ѓундоган од пенал во 68-та минута. Победникот беше решен во 89-та минута, со голот на Робен.
Со победата во извонредниот натпревар, Баерн ја освои 5-та титула европски шампион. Печат на одличната претстава оставија и навивачите на двете екипи, кои направија прекрасна атмосфера на Вембли и покажаа како треба да се навива.
XS
SM
MD
LG