Достапни линкови

Се вжештуваат битките во Сирија


Битките во западниот град Кусеир во Сирија се вжештуваат јавуваат новинските агенции. Државната телевизија јави дека воените трупи лојални на претседателот Башар Ал Асад извршиле неколку напади и стекнале предност. Бунтовниците пак соопштија дека биле изложени на жестоко бомбардирање од елитните трупи и либанските борци од Хезболах го предводат нападот. Во меѓувреме во Истанбул сириската опозиција во егзил разговара за создавање на заедничка платформа во пресрет на предложената меѓународна мировна конференција. САД и Русија вршат притисок за окончувње на двегодишниот конфликт во Сирија во кој загинаа над 80 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG