Достапни линкови

Ранетиот гостиварец не е во животна опасност


Тешко повредениот триесетгодишник од село Битуше, гостиварско кој синоќа бил прободен со нож пред НУБ „Св.Климент Охридски“ во Скопје, е во стабилна состојба и се наоѓа на Одделот за интензивно лекување. Синоќа бил примен во скопска клиника каде што итно бил опериран. Триесетгодишникот заедно со уште три лица од Делчево и Пехчево синоќа биле нападнати од група од 15 до 20 млади лица, при што едно од нив со нож му нанело повреда во пределот на грбот.
XS
SM
MD
LG