Достапни линкови

logo-print

Амбасадорот на Косово во домашен притвор


Судот во Приштина по првото рочиште одреди мерка притвор за сите осомничени за воени злостроства, меѓу нив и актуелниот амбасадор на Косово во Албанија, Сулејман Селими, јавува новинската агенција МИА. Адвокатоте на Селими, Том Гаши изјави дека „ова е скандалозна одлука, таа е само еден спектакл на ЕУЛЕКС за да го сврти вниманието од прашањето за северот.“ Селими и уште 16 други лица, сите членови на „Групата од Дреница“ се товарат за воени злосторства врз цивилното население, апсење, тортура и нечовечко однесување врз лица кои биле во центарот на ОВК кој се наоѓал во близина на Скендерај. По истрагата обвинителот на Еулекс покрена обвинение против нив, а пред два дена беа притворени неколкумина од нив.
XS
SM
MD
LG