Достапни линкови

Најмалку 16 деца загинале во Пакистан


Илустрација, школски автобус

Илустрација, школски автобус

Најмалку 16 деца и наставник загинаа при експлизија во школски автобус во источен дел од Пакистан. Локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори јавуваат дека причината за несреќата е користење субстандарден цилиндер за компресиран гас, кој што експлодирал. Најмалку седум деца се однесени во болница по експлозијата, која предизвика автобусот да се запали. Милиони возила во Пакистан користат компресиран природен гас како поевтина алтернатива на дизел и бензин.
XS
SM
MD
LG