Достапни линкови

Во Македонија 4 деца се водат како исчезнати


Илустрација

Илустрација

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на исчезнати деца, воведен во 1983 година во знак на сеќавање на децата кои се исчезнати и на тие кои се повторно вратени кај своите семејства. Целта е да се подигне свеста за овој глобален проблем.Првата детска амбасада „Меѓаши“ соопшти дека според проценките на Интернационалниот центар за исчезнати и киднапирани деца, секоја година во светот исчезнуваат најмалку осум милиони деца годишно или 22 илјади дневно.
На официјалната интернет страна на македонското Министерството за внатрешни работи во моментов има објавено фотографии и податоци на четири деца кои се водат како исчезнати, информира „Меѓаши“.
XS
SM
MD
LG