Достапни линкови

Владата на Косово го усвои планот договорен во Брисел


Премиерот на Косово Хашим Тачи

Премиерот на Косово Хашим Тачи

Владата на Косово денеска го усвои планот договорен во Брисел за имплементација на Спогодбата постигната на 19 април, кој ќе биде проследен на усвојување и во Собранието на Косово. Премиерот на Косово Хашим Тачи на седницата на Владата изјави дека Договорот е историски поради фактот дека првпат го потпишале две независни држави, Косово и Србија, со што се отвора поглавјето на мирот. Тачи рече дека со оваа спогодба Косово конечно воспоставува контрола врз целата територија на земјата.
XS
SM
MD
LG