Достапни линкови

Талибански напад врз седиштето на ОН во Кабул


Авганистанската полиција соопшти дека вооружени талибанци денеска го нападнале претставништвото на Обединетите нации во центарот на Кабул. Се прецизира дека тоа било координаран напад проследен со силни експлозии и престрелки. Исто така се додава дека полицајците успеале да убијат двајца од напаѓачите. Другите се повлекле. Не е соопштено дали имало полициски и цивилни жртви.
XS
SM
MD
LG