Достапни линкови

Стандард и Пурс: намален кредитниот рејтинг на Македонија


Агенцијата „Стандард и Пурс“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија и тоа и за кредитите во девизи и за оние во денари од „ББ“ на „ББ-“. Оваа агенција смета дека од започнувањето на глобалната финансиска криза транспарентноста на македонските јавни финансии опаѓа, како и дека шансите за некаков позначаен економски раст се ослабени. „Според наше мислење, политичките институции на Македонија имаат неадекватни контролни механизми, додека заостанатите плаќања на Владата претставуваат предизвик за резултатите од фискалната политика“ смета Агенцијата. На ова реагираше македонското министерство за финансии при што и забележува на Агенцијата за, како што се наведува, квалитетот на анализата, точноста на податоците и наведените причини за намалување на кредитниот рејтинг.
XS
SM
MD
LG