Достапни линкови

Македонската делегација беше примена од римскиот папа


Македонската државна и црковна делегација предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, која престојува во Рим по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Ватикан беше примена од поглаварот на Римокатоличката црква Франческо.
Ова е прва средба на македонска делегација со папата, по неговиот избор за нов римокатолички поглавар во март оваа година. Претходно во базиликата Сан Клементе митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар одржа молебен во чест на Свети Кирил, а македонската делегација и многу граѓани кои живеат или престојуваат во Италија се поклонија пред неговите мошти, јави МИА. Во Рим се одржува и манифестација „Македонија во чест на свети Кирил". Годинава се одбележуваат 1144. години од смртта на сесловенскиот просветител Свети Кирил.
XS
SM
MD
LG