Достапни линкови

Рускиот ѓакон кој застана зад Пуси Рајот доби азил во Чешка


Надежда Толоконикова

Надежда Толоконикова

Рускиот православен свештеник кој застана во одбрана на затворените членови на женската панк - рок група Пуси Рајот изјави дека добил политички азил во Чешка. Ѓаконот Сергеј Баранов, лани упати отворено писмо до Московската Патријаршија изразувајќи осуда спрема ставот на Црквата против групата чии членки, Марија Алокиљина, Надежда Толоконикова и Екатерина Самутшевиќ, беа осуден на две години затвор поради анти владиниот перформанс во најголемата катедрала во Москва во февруари 2012 година.
Баранов потоа беше расчинет.
XS
SM
MD
LG