Достапни линкови

МАЕИ во недела ќе ги престави кандидатите за изборите во Албанија


Македонци во Албанија - Голо Брдо

Македонци во Албанија - Голо Брдо

Денеска во Албанија официјално почнува изборната кампања за парламентарните избори што ќе бидат одржани на 23 јуни. На изборите настапуваат две големи изборни коалиции, „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ која ја сочинуваат 25 партии, предводена од Демократската партија на актуелниот премиер, Сали Бериша и коалицијата предводена од социјаистите на Еди Рама „Алијанса за европска Албанија", во која се 37 партии. Самостојно настапуваат и уште четири други партии. Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, која е дел од коалицијата „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“, под слоганот “Обединети и интегрирани“ кампањата ја почнува во недела, 26 мај, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец.
На митингот ќе се престават кандидатите за пратеници за регионите каде што ќе се сконцентрира МАЕИ на овие парламентарни избори и тоа во Корча, Елбасан, Тирана, Пешкопија, Кукс и Драч.
Партијата настапува со 86 кандидати Македонци во сите 12 изборни единици.
XS
SM
MD
LG