Достапни линкови

logo-print

Според последните процени на Министерството за економија, сивата економија зафаќа околу 25 отсто од македонскиот домашен бруто-производ, или околу 2 милијарди евра на годишно ниво.

Давам часови по математика за деца од прво до осмо одделение за 150 денари од час.

Секоја втор фирма што е отворена е или во ВМРО или во СДСМ, и каква и инспекција да дојде газдите за 5 минути го решаваат проблемот. Јас сум работел на 10 места каде газдите биле пријавени дека не го пријавуваат персоналот, доаѓа инспекција, јаде, пие, станува и си оди, значи никако не си заштитен како работник.
Длабинско чистење на вашиот дом со реинбоу машина за 500 денари.

За малку пари ќе го уредам вашиот двор и ќе го одржувам, достапнен сум 24/7.


Чистам подруми и гаражи. Продавам домашна ракија за 160 денари литар.

Фамилијарна жена, на 50 годишна од скопски Центар, со долгогодишно искуство во грижата за стари и болни лица бара работа. Работно време и плата по договор.


Ова се дел од огласите на луѓето кои во услови на голема невработеност се обидуваат да заработат некој денар за да обезбедат егзистенција за своето семејство. Секој се снаоѓа како може и умее во, а и богами надвор од законските рамки. Неформалната или сива економија за многу граѓани е излез од сиромаштијата.
Велат, јас сум газда, ако ти се свиѓа работи, ако не ти се свиѓа, здравје, ќе дојде друг, таков дојде системот.

Но тешко е да се поверува дека овие мали занаетчии, односно даватели на услуги, или пак, продавачите на разноразни потрепштини на импровизирани тезги околу зелените пазари се главните носители на сивата економија која, според последните процени на Министерството за економија, зафаќа околу 25 отсто од македонскиот домашен бруто-производ, или околу 2 милијарди евра на годишно ниво.

Од другата страна, во „сивата зона“ се и оние луѓе кои што поради ограничен избор одлучуваат да прифатат работа на „црно“ односно да добиваат плата на рака, а за нивниот труд да не се плаќаат придонеси кон државата.
Тие лица се лица кои што не се пријавени редовно, тие најверојатно се во оној сектор што го спомнавме претходно дека се вработени некаде односно се работно ангажирани, дали за сопствени потреби или за друг работодавач. Тука треба да се воведе малку поголема контрола од сите оние инспекторски служби кои што постојат во Македонија за да работодавачите сфатат дека работниците мора да бидат пријавен. Голем дел од лицата кои како што може да видите од самата статистика се околу 170 илјади граѓани во сивата економија вработени. Значи онаа вкупна бројка на вработени, значи редовно вработени со М1 што се водат, според анкетата на вработени, значи околу 170 илјади излегува дека се во сивата економија.

Примери за таквата ситуација има на секој чекор. Работници кои се непријавени, или пријавени на минималец, а остатокот од платата го добиваат на рака, луѓе кои работат со години без договор за работа, прифаќаат да бидат непријавени, без здравствено и пензиско осигурување, само за некој процент поголема плата. Ова е голем проблем на кој сè уште не му се пристапува сериозно, но ако работите продолжат вака, последиците ќе бидат големи, предупредуваат експертите.

Разговаравме со еден млад, 27-годишен келнер од едно скопско кафуле за неговото работно искуство. Тој побара да остане анонимен стравувајќи дека може да наштети некому со она што има да го каже. Ни објасни дека веќе 10 години работи во угостителскиот сектор, но има само 4 години евидентиран работен стаж. Честопати земал плата во готово, на рака, а за пензиско и здравствено осигурување можел само да сонува.

„Работодавецот максимално гледа како да го експлоатира работникот. Како прво нема платен одмор, како второ никогаш не се плаќаат вишокот работни саати, како трето може да се избрка работникот кога сака.“

Тој додава дека во таква ситуација работникот нема каде да се пожали.

„Секоја втор фирма што е отворена е или во ВМРО или во СДСМ, и каква и инспекција да дојде газдите за 5 минути го решаваат проблемот. Јас сум работел на 10 места каде газдите биле пријавени дека не го пријавуваат персоналот, доаѓа инспекција, јаде, пие, станува и си оди, значи никако не си заштитен како работник.“
Сè уште имаме порозна царина, а да не зборувам за судските пресуди во стопанството, за облигационото право. Мислам дека тука имаме една многу, многу, многу голема црна дупка каде што самите судии, со чест на исклучоците, со пресудите кои ги носат и тоа како му штетат на стопанството. Би ја поделил сивата економија на две гранки, од кои посебно е опасна онаа каде што самата држава и државните органи се јавуваат како иницијатори на таа сива економија.

Вели дека газдите во последниве неколку години почесто ги пријавуваат своите вработени, но по нов систем кој е на штета на работниците, односно ги пријавуваат на минимална плата, а останатото им го даваат на рака.

„На некои вработени им префрлаат 11.000 на сметка, а потоа тие враќаат дел на газдата. Еве ќе кажам дека во Центар или поточно на Кеј има објекти во кое се вработени по 50-60 луѓе, а се пријавени само 10. Тоа инспекциите многу добро го знаат, но не смеат да отидат, од кои причини јас не знам.“

Џабе работи, џабе не седи, вели една стара македонска поговорка, а и многу граѓани во потрага по некој денар плус буквално ја следат пораката затоа што сметаат дека нивните работодавачи лесно ќе ги заменат со друг доколку се побунат и си ги побараат своите права, затоа што конкуренцијата во армијата невработени е голема.

„Велат, јас сум газда, ако ти се свиѓа работи, ако не ти се свиѓа, здравје, ќе дојде друг, таков дојде системот.“

„Платите се толку мали што секој гледа што повеќе да има. За понатаму не размислува, дали треба или не треба, дали ќе дочека пензија или не дочекува пензија.“
Треба да се знае дека сивата економија е поттикната од крајната сиромаштија на населението, така да некоја многу ефикасна борба против неа не може да се проектира. Сивата економија најмногу е штетна затоа што претставува нелојална конкуренција на регуларниот бизнис, но од друга страна како социјана категорија таа апсорбира голем дел од невработената работна сила, што на некој начин можеби е позитивна категорија во општеството.

„Се нафаќаш да работиш за помалку пари, даваш да те експлоатираат, тоа е тоа“, велат анкетираните граѓани. “

И покрај сите законски промени во економската сфера и казните кои се воведени во системот против оваа појава, сивата економија никако драстично да се намали.

Од една страна се непријавените „диви“ дејности и ситни услуги кои никаде не се евидентираат, а од друга страна се нелегалните бизниси во легалните компании, односно фирми каде што вработените се пријавени на најниска плата, а остатокот го добиваат во плик на рака, потоа ситуации во кои дел од продажбата се фактурира, а останатиот се плаќа во кеш.

Проблемот со сивата економија е забележан и во минатогодишниот европски извештај за напредокот на Македонија каде што се вели дека „неформалниот сектор поткрепен со слабостите во даночната политика и политиката на потрошувачката како и во спроведувањето на законите останува главен предизвик. Тоа ја намалува даночната основа и успешноста на економските политики.“

Неформалната „сива“ економија е голем проблем бидејќи ја поткопува конкурентноста на фирмите и на поединците со тоа што едните ги става во неправична и незаконска предност во однос на оние што ги исполнуваат законските обврски. Според последните податоци на меѓународните организации, во земјава секоја година легалните фирми губат од 10 до 15 проценти од профитот поради сивата економија во овој бизнис.

Но, кои луѓе се дел од тоа, колку луѓе живеат во магичната сива зона и со што се занимаваат, како го заобиколуваат системот се прашањата кои сами по себе се наметнуваат.

Официјалните бројки покажуваат дека во Агенцијата за вработување се евидентирани околу 240 илјади невработени од кои 105 илјади се активни баратели на работат, а 130 илјади се пасивни. Во изминативе три години, бројот на евидентирани невработени е намален за 100 илјади, но на сметка на тоа бројот на вработени, според Државниот завод за статистика, во истиот период е зголемен за само 40 илјади. Останува енигма што се случува со разликата од 60 илјади луѓе. Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, тие луѓе најверојатно спаѓаат во секторот „сива економија“.

„Тие лица се лица кои што не се пријавени редовно, тие најверојатно се во оној сектор што го спомнавме претходно дека се вработени некаде односно се работно ангажирани, дали за сопствени потреби или за друг работодавач. Тука треба да се воведе малку поголема контрола од сите оние инспекторски служби кои што постојат во Македонија за да работодавачите сфатат дека работниците мора да бидат пријавен. Голем дел од лицата кои како што може да видите од самата статистика се околу 170 илјади граѓани во сивата економија вработени. Значи онаа вкупна бројка на вработени, значи редовно вработени со М1 што се водат, според анкетата на вработени, значи околу 170 илјади излегува дека се во сивата економија.“

Дискутабилно е и прашањето дали во тие 170 илјади луѓе спаѓаат и оние 130 илјади пасивни баратели на работа. Поповски вели дека во групата пасивни баратели на работа спаѓаат луѓе кои можеби работат на црно, луѓе кои се занимаваат со земјоделство за сопствени потреби, а не се регистрирани во системот како индивидуални земјоделци како и луѓето кои даваат некакви „ситни“ услуги.

Со нерегулиран статус се и околу 20 илјади луѓе кои продаваат на пазарите. Нивниот проблем е во тоа што од една страна плаќаат даноци кон државата, но не им се овозможува законски да си го регулираат статусот и да можат да си плаќаат придонеси. Од друга страна, пак, ним нелојална конкуренција им се продавачите кои што се наоѓаат надвор од пазарите. Државата годишно губи речиси еден милион евра од дивите пазарџии по разни даночни основи, според грубите пресметки на претставниците на зелените пазари.

Потоа моделот „договор за дело“ никаде го нема во законот, но на тој начин се ангажирани илјадници луѓе. Друг неформален модел во јавните установи се таканаречените „волонтери“, кои се застапени во здравството и образованието. Во приватниот сектор тие се познати како „хонорарци“. Тие работат полно работно време, добиваат плата на рака, најчесто се со ниски примања и нерешен работен однос. Тука да не ги заборавиме и стотиците луѓе кои како сезонски работници добиваат плата на рака во приватниот сектор, како градежништвото, трговијата, туризимот и услужните дејности.

Минатата година, од 40 илјади инспекциски надзори, бројката на затекнати непријавени работници изнесувала 2.000. Пред еден месец владата донесе акционен план за борба против сивата економија со кој се предвидува засилување на инспекциските надзори, олеснување на вработувањето на сезонските работници, објавување на црна листа на фирми кои работат неправилно и откривање даночни обврзници кои вршат нерегистрирана дејност.

Министерот за економија Ваљон Сарачини најави дека воведувањето ред ќе почне од трговијата која е лидер со најлоши податоци во сивата економија.

„Голем дел од средствата завршуваат во рацете на одредена група на луѓе, со што дефинитивно имаме забавување и на економскиот раст.“

Тој додава дека сивата економија во изминативе неколку години е намалена поради реформата во даночниот систем, преку воведувањето на рамниот данок и намалувањето на висината за придонесите, со воведување на бруто плата и регулаторна гилотина.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека сивата економија се дели во два сегменти. Првиот е во претпреимништвото каде што Владата колку толку успеа во изминативе неколку години да ја намали, вели тој.

„Со фискалната дисциплина владата успеа во последните 5-6 години колку толку да ја сведе во подносливи рамки сивата економија во претприемништвото, иако има некои тн. сиви зони, посебно во западниот дел од државата, каде што практично државата и фискалната дисциплина не функционира.“

Витанов вели дека посериозен проблем е кога државата придонесува за сива економија.

„Сè уште имаме порозна царина, а да не зборувам за судските пресуди во стопанството, за облигационото право. Мислам дека тука имаме една многу, многу, многу голема црна дупка каде што самите судии, со чест на исклучоците, со пресудите кои ги носат и тоа како му штетат на стопанството. Би ја поделил сивата економија на две гранки, од кои посебно е опасна онаа каде што самата држава и државните органи се јавуваат како иницијатори на таа сива економија.“

Во изминативе неколку години Владата како антикризна мерка го воведуваше простувањето на долгови и отпишувањето на каматите за неплатени обврски за пензиско и здравствено осигурување. Според министерот за финансии Зоран Ставрески, таа мерка ќе придонесе за зголемува на ликвидноста на стопанството, но останува дилемата за пораката што се испраќа до бизнис секторот кој навремено ги подмирува обврските. Витанов вели дека со таа мерка се дестимулираат компаниите кои работат чесно и тоа е сериозен сегмент кој што поттикнува сива економија.

„Тоа е еден сериозен сегмент, но пак влегува синтетички кажано во онаа гранка на сива економија каде што иницијатор се државните органи. И во самите министерства митото и корупцијата владеат, царуваат и исто така тие придонесуваат за таа сива економија.“

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека најголема штета од сивата економија има во секторот трговија и услуги.

„Треба да се знае дека сивата економија е поттикната од крајната сиромаштија на населението, така да некоја многу ефикасна борба против неа не може да се проектира. Сивата економија најмногу е штетна затоа што претставува нелојална конкуренција на регуларниот бизнис, но од друга страна како социјана категорија таа апсорбира голем дел од невработената работна сила, што на некој начин можеби е позитивна категорија во општеството.“

Кога се поставува прашањето колку работодавачите ја злоупотребуваат лошата економска ситуација на работниците, Чекреџи вели дека процентот на таквата појава е занемарлив.

„Наш став на комората е дека тој процес е занемарлив, значи дека сите реални бизниси и нормални компании ги имаат пријавено сите свои вработени. Ние правевме анкета во нашата комора и немаме таква појава. Не му се исплаќа на работодавачот, такво е законодавството денеска во Македонија, да ангажира работници на црно.“

Ако е точна претпоставката дека сивата економија е околу една четвртина од годишниот БДП на земјата, односно околу 2 милијарди евра, тогаш „сивиот бизнис“ е попродуктивен од легалниот каде што се вработени околу 650.000 луѓе.

Професор Крсте Шајновски во една од неговите колумни посочува дека годишниот БДП по вработен на „црно“ е 13.300 евра, додека БДП-то по легално вработен е 10.800 евра. Тој вели дека долгогодишното вртење во маѓепсаниот круг на ниски стапки на раст и сиромаштија секако придонесе властите да „прогледуваат низ прсти“ на „дивото“ ангажирање, со намера да се ублажат социјалните тензии. Шајновски пишува дека толеранцијата на сивата економија, преку чистење на списоците на невработени, не е замена за креирање на активна политика на вработување. Многу не придонесува ниту вработувањето во државната администрација. Владата не може да вработува неограничено, пишува тој.

Само во последниов месец државата објави огласи за вработување на 1.600 луѓе во државниот сектор.

Веќе се поставува прашање дали администрацијата може и натаму да се проширува, со оглед на тоа што финансирањето на нововработените може да се врши или со зголемување на давачките на даночните обврзници или со прераспределба на постојните буџетски средства. Економистите порачуваат дека е крајно време наместо да се бараат фиктивни решенија за невработеноста, да почнат да се бараат решенија како да се зголеми бројот на вработените во легалниот сектор. Во спротивно ќе се радуваме на помалиот процент на невработени, на сметка на растот на сивата економија која претставува рак рана на легалната економија, а, пак, со метастазирана економија, не можеме да зборуваме ниту за социјална, ниту за правна, ниту за демократска држава, објаснува Шајновски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG