Достапни линкови

Турција - нема продажба на алкохол по 22 часот


Турскиот Парламент усвои закон за забрана на рекламирање и рестрикции при продажбата на алкохолот.
Според законот, од 22 навечер до 6 часот наутро ќе биде забранета продажбата на алкохолот.
Заострени се и казните и за возењето под дејство на алкохол.
Предлагачот на законот, владеачката Партија на Правдата и Развојот соопшти дека целта е да се заштити општеството и пред се младите, од штетното влијание на алкохолот.
XS
SM
MD
LG