Достапни линкови

Самитот на видик, обврските под тепих


Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав ги разменија знамињата на ЕУ и Македонија по повод Европскиот ден на знамето.

Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав ги разменија знамињата на ЕУ и Македонија по повод Европскиот ден на знамето.

Пред јунскиот самит на ЕУ се засилувуваат пораките Македонија да ги заврши преземените обврски за членство во Унијата.

Во пресрет на јунскиот самит до Македонија стасуваат пораки од сите страни дури и директно повикувајќи на засилени активности за да се обезбеди, како што некои од нив гласеа, европската иднина на Македонија. Медијаторот Нимиц достави предлози кои сега се на маса и очекуваме двете страни да одговорат, изјави амбасадорката на Република Франција во Скопје, Лоренс Оер во интервју за Радио Слободна Европа.
Во меѓувреме, до европскиот совет, навистина е важно да не се префрлува топката во потрага по виновникот, туку секој да го одработи својот дел. Македонија треба да напредува во прашањето за името пред Советот од 27 и 28 јуни.
„Во меѓувреме, до европскиот совет, навистина е важно да не се префрлува топката во потрага по виновникот, туку секој да го одработи својот дел.
Македонија треба да напредува во прашањето за името пред Советот од 27 и 28 јуни.“
Прес-конференција на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.

Прес-конференција на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.


Прашањето за името е круцијално, додава Оер во ова интервју што во целост ќе се емитува в недела, но таа посочува и дека се очекува завршување на обврските од мартовскиот договор во прв ред да профункционира анкетната комисија за настаните од 24 декември, но и дека во Македонија постои загрижувачка состојба кога станува збор за слободата на медиумите.
Ако во јуни не добиеме датум, фактот е дека ние годинава ќе добиеме негативен извештај. А зошто ќе добиеме? Затоа што комисијата од 1 март задира во политичкиот критериум, значи 24 декември е политички критериум, тоа значи дека не ни функционираат институциите, тоа значи дека немаме поделба на власта и дека имаме контролирани медиуми.

„Бидејќи тоа ќе биде еден тест за јавното мислење, за капацитетот и зрелоста на едно општество во даден момент. Вистина е дека тука се гледа назадување, тука е НВО-то Репортери без граници, Стејт Департментот. На полето на медиумите имаме концентрација на медиуми и потреба кон прашањето да се пристапи со искреност. “

Јунскиот самит ќе се одржи на 27 и на 28 јуни, но Македонија и натаму ваквите значајни за нашите евроинтеграции ги дочекува со голема индиферентност и инертност, посочува Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.

Аналитичарот Владимир Божиновски потенцира дека Македонија задолжително мора да ги заврши обврските околу анкетната комисија и да се посвети на подобрување на состојбата со слободата на медиумите, но дека спорот за името од кој зависи сè е клучната подготовка за извештаите, но дека во овој проблем не се гледа решение до јунскиот самит.

„Во моментот имаме само притисок врз нашата страна и никако врз Грција, а поради тоа Грција излегува само со нејзиниот ултиматум.“

Непроменетата ситуација во контекст на македонските интеграции може да значи зголемена опасност за евроинтеграцискиот процес, посочува Димова, потпирајќи се на изјавите од Брисел, но и на променетиот регионален контекст по постигнатиот договор помеѓу Косово и Србија.

„Ако во јуни не добиеме датум, фактот е дека ние годинава ќе добиеме негативен извештај. А зошто ќе добиеме? Затоа што комисијата од 1 март задира во политичкиот критериум, значи 24 декември е политички критериум, тоа значи дека не ни функционираат институциите, тоа значи дека немаме поделба на власта и дека имаме контролирани медиуми.“

На вчерашната дебата за резолуцијата за Македонија во Европскиот парламент можеа да се слушнат многу пораки кои беа директно упатени до македонските политичари. Известувачот за Македонија Ховит истакна дека трпението е при крај, времето истекува и оти напредок мора да се постигне. Пратеникот Јелко Кацин, пак, порача дека е крајно време македонските лидери да се соочат со фактот дека деблокадата на интеграцијата на нивната земја зависи од нив и тие мора да сторат сè што е во нивна моќ за да обезбедат европска иднина на Македонија.
XS
SM
MD
LG