Достапни линкови

logo-print

Москва: владата на Асад во принцип спремна за преговори


Александар Лукашевиќ

Александар Лукашевиќ

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад се согласила во принцип да присуствуваа на меѓународна мировна конференција во Женева предложена од страна на Русија и САД.
Сепак, портпаролот Александар Лукашевиќ денеска изјави дека засега е невозможно да се одреди датум за Конференцијата бидејќи не е јасно кој ќе зборува во име на опозицијата.
Во меѓувреме, опозициската Националната коалиција ги продолжува разговорите во Истанбул за тоа дали да учествува во идните разговори во Женева со членовите на режимот на Асад. Повеќе од 80.000 луѓе се убиени во два-годишниот конфликт во Сирија.
XS
SM
MD
LG