Достапни линкови

Уапсени обвинети за воени злосторства во Приштина


Полицијата на ЕУЛЕКС во соработка со единицата за специјални операции на косовската полиција вчера попладне уапси пет лица осомничени за воени злосторства.
Станува збор за Сами Луштаку, претседател на општината Скендерај, Јахир и Зеќир Демаку, Хисни Тачи и Сахит Јашари.
На барање на обвинителот во случајот Маурицио Салустро, синоќа во Приштина пристигна и косовскиот амбасадор во Албанија, Сулејман Селими. Селими, петмината притворени и уште неколку други лица, денеска во 15 часот, ќе излезат пред судското тело.
Сите се товарат за воени злосторства против цивилите кои биле чувани во центар на ОВК во Ликовец, општина Скендерај.
За Селими се води истрага и за убиство на еден цивил. По спроведената истрага покренато е обвинение пртив амбасадорот Селими, поранешен Командант на Генерал штабот на ОВК, познат под псевдонимот „Султан“ и шеснаесет негови соборци, познати како „Групата од Дреница“.
По косовската војна Селими беше Командант на безбедносните сили на Косово. Минатата година, премиерот Хашим Тачи, го именува за амабсадор на Косово во Албанија.
XS
SM
MD
LG