Достапни линкови

logo-print

Во Кашмир убиени три индиски војници


Шринагар - архива

Шринагар - архива

Индиската војска соопшти дека во индискиот дел на Кашмир, бунтовнците од заседа убиле тројца војници.
Портпаролот Анкур Вашист изјави дека војниците биле испратени во селото Бучо по информациите дека таму се криеле бунтовнци. Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, кои на два пати војуваа за контрола врз регионот.
Од 1989 бунтовници се борат за отцепување од индискиот дел и негово припојување кон Пакистан.
Над 68 илјади лица, претежно цивили, загинаа до денеска. Индија го обвинува Пакистан за вооружување и подршка на милитантите. Пакистан тоа го негира.
XS
SM
MD
LG