Достапни линкови

logo-print

Почна манифестацијата во чест на Св. Кирил и Методиј


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски синоќа во Рим ја отвори манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.
Тој истакна дека Република Македонија и оваа година ја продолжува традицијата на чествувањето на сесловенските просветители Кирил и Методиј во Рим.
Денеска ќе биде одржан молебенот на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“, а со службата ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. Потоа македонската делагација ќе биде примена од папата Франциско.
Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим е централниот настан во чествувањето на Денот на просветителите Кирил и Методиј.
Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.
Годинава се одбележуваат 1144. години од смртта на сесловенскиот просветител Свети Кирил.
XS
SM
MD
LG