Достапни линкови

logo-print

Попоски на конференција за перспективата и предизвиците во Западен Балкан


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Даблин ќе учествува на Конференцијата “Десет години по Солун: Oценка на ЕУ перспективата и предизвиците во Западен Балкан“, што се одржува во рамките на ирското претседателство со ЕУ.
Како што соопшти МНР, целта на конференцијата е да се одбележи 10-годишнината од донесувањето на Солунската агенда за процесот на проширување на ЕУ со земјите од Балканот, да се оцени постигнатиот напредок, тековните предизвици и перспективите за успешно заокружување на овој процес. Се очекува на форумот да бидат дискутирани промените во политиката на проширување на ЕУ, генерално и кон Балканот, кризата на еврото, економската стабилизација како и идните чекори во интеграцијата на земјите од Балканот во ЕУ.
XS
SM
MD
LG