Достапни линкови

Сириската опозиција ги продолжува разговорите во Турција


Прогонетата сириска опозиција денеска ги продолжува разговорите во Турција. Сириската Национална коалиција води дебата за тоа дали да учествува во разговорите со членовите на режимот на претседателот Башар ал-Асад.
САД и Русија го туркаат предлогот да се стави крај на двегодишниот конфликт во Сирија во кој загинаа околу 80.000 лица. Вашингтон и Москва бараат наскоро да се одржи мировна конференција во Женева. Портпаролот на сириската Национална коалиција изјави дека постои консензус за учество во таков собир, но само ако Асад даде сигнал дека ќе ја напушти власта. Аналитичарите сметаат дека иднината коалицијата е загрозена од поделби, особено по оставката на свештеникот Моаз Алкхатиб кој поднесе две иницијативи за Асад да ја напушти власта по мирен пат.
XS
SM
MD
LG