Достапни линкови

Обама со нов курс во борбата против тероризмот


Претседателот Барак Обама најави построги критериуми за дефинирање на некоја закана и повисоки стандарди во употребата на беспилотни летала.

Американскиот претседател Барак Обама бранејќи ги нападите со беспилотни летала како легално, ефиксано и неопходно средство во борбата против тероризмот, сепак призна дека тие не се лек за сите безбедносни предизвици.

„Конвенционалните воздушни сили или ракетите се понепрецизни од беспилотните летала и предизвикуваат повеќе цивилни жртви и бес кај локалното население.“

Обама деновиве потпиша построги ограничувања за користење на беспилотни летала против терористите. Сега секоја посебна цел мора да претставува „постојана и непосредна закана против Америка“. Претходно, тој стандард беше само „значајна закана“.
Америка не презема напади кога имаме можност да заробиме индивидуални терористи, да ги испитаме и да ги осудиме. Америка не може да напаѓа кога сака. За нашите акции се консултираме со партнерите и го почитуваме државниот суверенитет.

Во говорот во Универзитетот за национална одбрана, Обама изјави дека неговата администрација секогаш дејствувала воздражно.

„Америка не презема напади кога имаме можност да заробиме индивидуални терористи, да ги испитаме и да ги осудиме. Америка не може да напаѓа кога сака. За нашите акции се консултираме со партнерите и го почитуваме државниот суверенитет. Америка не напаѓа за да казнува индивидуалци, туку само кога не постојат други начини за да се справиме со некоја закана.“

Белата куќа веќе подолго време се соочува со моралнат дилема во врска со цивилните жртви во нападите со беспилотни летала, особено во Пакистан. Обама изјави дека додека е жив, ќе биде следен од овие жртви.

Тој додаде дека новата политика е со цел да ја стави Америка на курсот на завршување на војната против тероризмот.

Официјалните американски податоци за бројот на нападите со беспилотни летала и на жртвите се строга тајна, но се проценува дека од 2004 година досега биле извршени околу 400 напади, најмногу во Пакистан, Јемен, Сомалија и некои северноафрикански земји.

Притоа, според претпоставките, загинале 3 илјади луѓе, милитанти или цивили. Обама додаде дека побарал од неговата админситрација да ја зголеми контролата врз програмата со беспилотни летала.

Ентони Кордсман, поранешен директор за разузнавање во министертсвото за одбрана смета дека таква контролна комисија е неопходна. Сепак, тој не е уверен дека тоа ќе претставува и значителна промена на досегашната политика.

„Мислам деке ќе има проблем. Претседателот можеби ќе се воздржи во употребата на беспилотни летала, но тој во неговиот говор неколку пати повтори дека тие се најдобар механизам за напади врз терористички групи.

Американскиот претседател Обама исто така најави дека повторно ќе се обиде да го затвори притворниот центар во заливот Гвантанамо на Куба.

Меѓутоа, тој додаде дека тоа бара соработка со републиканците кои не сакаат да поддржат некои затвореници да бидат префрлани во американки затвори и да им се суди во цивилни судови.

Во овој центар има 166 притвореници, а дел од нив штрајкуваат со глад, бидејќи се уште биле таму без никакво обвинување.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG