Достапни линкови

Стечајците се враќаат на протести


Протест на стечајци во Куманово.

Протест на стечајци во Куманово.

Стечајците најавуваат дека во најскоро време со шатори ќе протестираат пред Владата во Скопје, се до исполнување на нивните барања.

Кумановските стечајци од Здружението „Унит“ со двочасовна блокада на патот на влез-излез Куманово-Скопје започнаа со нивните протести, за да ги потсетат надлежните, како што велат, дека тие се уште постојат и дека нивниот егзистенцијален проблем треба да се надмине.
Ова е најава за протести во Скопје. Стечајците се одлучни за протестите во Скопје, со средства за тоа ќе се снаоѓаме. Нашиот живот е многу тежок, бидејќи и социјалците земаат по некаков надоместок. Ние повеќе од десет години немаме никаков надоместок. Според член 32 од Уставот, имаме право да бараме надоместок, според кој државата треба да го обесштети работникот кој останал без работа до следно вработување или пензија.

Според претседателката на „Унит“ Љиљана Ѓорѓиевска иако се веќе со сериозно нарушено здравје, многумина и починале, тие не се откажуваат од барањата за паричен надоместок на околу десет илјади граѓани во државава. Стечајците најавуваат во најскоро време со шатори да протестираат пред Владата во Скопје, се до исполнување на нивните барања. За сега протестите се предупредување.

„Ова е најава за протести во Скопје. Стечајците се одлучни за протестите во Скопје, со средства за тоа ќе се снаоѓаме. Нашиот живот е многу тежок, бидејќи и социјалците земаат по некаков надоместок. Ние повеќе од десет години немаме никаков надоместок. Според член 32 од Уставот, имаме право да бараме надоместок, според кој државата треба да го обесштети работникот кој останал без работа до следно вработување или пензија.“

Ѓорѓиевска потсетува дека барањата на стечајците се обесштетување на работниците кои останале без работа не по нивна вина, и тоа минимум 15 години работен стаж, и возраст 50
Нека се знае дека уште се живи стечајците. Од следниот месец ќе штрајкуваме пред Владата. Ќе ги ставиме шаторите и ќе чекаме нашиот проблем да се реши.
години за жени и 53 за мажи. Тешко е да бидат вработени на таа возраст, но и поради вообичаените партиски вработувања. Затоа се упорни.

„Единаесет години ние талкаме. На 10 јуни и петти пат ќе биде поднесен предлог законот, може да биде и стоти пат, но не се откажуваме. Се надевам дека кај Владата и премиерот ќе се разбуди чувството за да се стави крај на нашата голгота. Се повеќе заболуваат стечајците, а мислам поентата на Груевски е сите да починеме и да не снема. А сите сме брутално избркани од нашите фирми, без платен стаж, заостанати плати и останато.“

Стечајците не можат да најдат работа и поради законите во државава според кои секоја приватна фирма треба да ги легализира вработувањата.

„Груевски вели да се занимаваме со земјоделие, а ние немам пари ни билет да платиме до тие ниви, а каде е семето и останато. Значи сите негови мерки па и онаа за опера и балет паѓаат во вода. За самовработување има толку пари колку фирма да се отвори, а што потоа! Да враќаме и кредити!“, вели Ѓорѓиевска.

Стечајците додаваат:

„Ова не е од мерак, а имаме и деца невработени и ние сме невработени, ако има свест треба да се оствари нашето право.“

„ Додека е овој на власт не верувам дека нешто ќе се смени.“

РСЕ: Очекувате ли дека со протестите нешто ќе се смени?

„Се надеваме, но тешко. Ја сум толку години под стечај. Јас сум од ЧИК, откако се растури нема абер ни за работа ни за ништо. Во приватните фирми наоѓаме по нешто, но тоа е краткотрајно, не нè пријавуваат и на крајот ништо, а во меѓувреме и остаревме.“

„Нека се знае дека уште се живи стечајците. Од следниот месец ќе штрајкуваме пред Владата. Ќе ги ставиме шаторите и ќе чекаме нашиот проблем да се реши“, велат кумановските стечајци.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG