Достапни линкови

Дневен печат - Национализам, СДСМ и ЕУ


Националистичките скандирања на натпреварот Шкендија-Тетекс, конгресот на СДСМ и евроинтеграциите - главни теми во дневните весници.

Национализмот кај нас уште еднаш на дело: „Националистичките скандирања на навивачите на Шкендија се причината поради која нема да го дознаеме победникот на фудбалскиот Куп на Македонија“ - објавува Утрински, иако новинарот веројатно ги слушнал исто така националистичките песни на Војводите од Тетово. Нова Македонија пишува дека националистичките скандирања и судирите со специјалците на навивачите на Шкендија и на Тетекс се причините за прекинување на натпреварот.
Македонија се справува со кризата подобро од земјите на ЕУ - БДП на ЕУ годинава ќе потоне за 0,4%, нашата земја очекува раст од 2,2%.

Меѓуетничката нетрпеливост кај нас си тлее, а сега е и во подем, ама затоа на економски план, според провладините медиуми, се чини, добро ни одат работите: По средбата на гувернерот Богов и министерот Ставрески, „Финансискиот сектор е стабилен, банките во добра кондиција“ - насловува Дневник.

Вечер објавува дека „Македонија се справува со кризата подобро од земјите на ЕУ - БДП на ЕУ годинава ќе потоне за 0,4%, нашата земја очекува раст од 2,2%“.
Секој мисли дека е најдобар - преговорите за наследник на Црвенковски доживеаја фијаско.

Да не беше јунскиот конгрес на СДСМ и изборот на нов претседател на партијата, се чини дека медиумите ќе немаше за што да пишуваат. Дневниот печат е полн со информации за тоа. „Кандидатските програми станаа проблем - Закочија преговорите Ивановски-Јовановски-Заев“ - информира Дневник, а Утрински насловува: „Секој мисли дека е најдобар - преговорите за наследник на Црвенковски доживеаја фијаско“. Вечер пишува дека: „Пазарот во СДСМ се претвори во панаѓур - Шема не попушта Заев да биде единствен кандидат?“. Нова Македонија забележува дека „Секој од Сојузот за иднината си ја брка својата иднина - како што се приближува партискиот конгрес, сè потешко можат да се забележат коалициски активности, а помалите партии дејствуваат сè посамостојно“.

Во врска со јунскиот самит на ЕУ, речиси сите медиуми ја пренесуваат позитивната атмосфера во Советот на Европа, каде што се разгледува извештајот за земјава што ќе оди на Самитот. Но Вечер како да навестува дека некој друг повторно ќе биде виновен ако не добиеме датум за преговори: „Ниту Папуљас, ниту Плевенлиев нема да дојдат на Самитот во Охрид - грчко-бугарски сигнали за вето во јуни?“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG