Достапни линкови

Музичкиот крем на Аква парк фестивал во Пробиштип


Пол Ван Дајк, Марк Најт, Кирил Џајковски, Бернајс пропаганда, Фолтин, Суперхикс, Фулиш грин, Сашко Костов, С.А.Р.С, Смат...се само некои од учесниците на претстојниот прв Аква парк фест што на 24 и 25 мај под отворено небо ќе се одржи во Пробиштип. Организатор на ова случување е продукцијата „Пасворд“ која, во годината кога го прославува 15 издание на реномираниот „Таксират“, на овој начин ја продолжува и неговата идеја за културен активизам и општествена одговорност.

Над 30-тина светски и домашни артисти, на две сцени, ќе настапат на дебитантското издание на летниот Аква парк фест што овој петок и сабота ќе се одржи во Пробиштип.
На овој летен фестивал собран е кремот од македонски артисти кои во последниве повеќе од десеттина години оставиле значаен белег во македонската музичка култура, но не се застапени само тие бидејќи програмата е надополнета со мега-популарни диџеи кои ќе треба да ги пополнат раните утрински часови.

Во музичкиот дел од програмата се планирани перформансите на легендарниот диџеј и продуцент Пол Ван Дајк ( на два пати прогласуван за најдобар на листата на магазинот ДИЏЕЈ), Британецот Марк Најт, автор на некои од најголемите хитови во последнава декада, холандската денс-атракција Санери Џејмс и Рајан Марчиано, Кирил Џајковски - нашиот композитор, продуцент и артист кој ги надмина регионалните рамки и кој овде ќе биде придружуван од извонредните ТК Вондер и Гето Прист, Бернајс пропаганда - бендот што на оваа сцена доаѓа по заокружувањето на првиот дел од својата голема европска турнеја што се случуваше во Фолтин.

Фолтин.

изминативе безмалку три месеца, единствените Фолтин и Суперхикс како состав што и официјално се закити со признанието за најдобар концерт во текот на изминатата 2012 година. Во нивна близина се и хард-кор првоборците Смат, психоделичните и иновативни Фулиш грин, реге-даб колективот
Со оглед на тоа дека голем процент од нашите млади луѓе, за жал, е силно врзан со нивниот дом, со компјутерот и интернет комуникацијата и нивниот допир со природата е се поредок, оваа акција на „Пасворд“, ќе ги извлече од таму и ќе ги врати во природата.
Конкверинг лајон, симпатичните С.А.Р.С од соседна Србија, Сашко Костов и многу други.

„На овој летен фестивал собран е кремот од македонски артисти кои во последниве повеќе од десеттина години оставиле значаен белег во македонската музичка култура, но не се застапени само тие бидејќи програмата е надополнета со мега-популарни диџеи кои ќе треба да ги пополнат раните утрински часови, а како и многупати во годиниве наназад, така и овојпат оставаме и нудиме можност за нови и млади сили од ова наше тло кои реално Суперхикс.

Суперхикс.

во иднина ќе треба да бидат дел не само од домашните туку и од светските концертни сцени“, истакнува Васко Џуроски од продукцијата „Пасворд“, организатори на првиот Аква парк фест.

Потписниците на случувањето како посебност ја издвојуваат и неговата општествена ангажираност и одговорност која во случајов подразбира работа на проекти како од еколошка така и од област на културата и уметноста. Ова како што велат, силно ќе придонесе за будење на чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и природата и за спроведување на здрав начин на живот во хармонија со природното опкружување.

„Со оглед на тоа дека голем процент од нашите млади луѓе, за жал, е силно врзан со нивниот дом, со компјутерот и интернет комуникацијата и нивниот допир со природата е се поредок, оваа акција на „Пасворд“, ќе ги извлече од таму и ќе ги врати во природата, ако ништо друго да ги потсети што е тоа навистина чист воздух, да се погрижат за околината околу себе и да бидат што поактивни и поагилни во надворешниот свет кој што на сите нас навистина ни треба“, дополнува Џуроски.

Покрај ова, а со цел подобро да ги промовира и младите талентирани уметници, Аква парк фест преку конкурсот за уметничко уредување и декорирање на фестивалскиот простор, ја спроведе и културната платформа со која ја опфати и современата арт сцена. Така, всушност тие со своите дела и со својата креативност активно се вклучени во градењето на визуелниот идентитет на случувањето, а на настанот публиката ќе може бесплатно да ужива во водените атракции, базени и тобогани, ќе има и слободен пристап до интернет, ТВ-соба каде што ќе може да се следат спортски натпревари, а планирани се и вредни награди за тие што ќе успеат да рециклираат најмногу отпад.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG