Достапни линкови

ЕП ги одби амандманите за суспензија на БиХ


Европскиот парламент на денешната седница ги одби амандманите на Дорис Пак со кои се бараше суспензија на Босна и Херцеговина од Советот на Европа, суспензија на финансиската помош од ЕУ и ИПА фондовите и привремено да се стопира договорот за трговија меѓу земјата и ЕУ.
ЕП откако ги одби нејзините амандмани ја прифати претходната резолуција за состојбата во БиХ при што земјата беше предупредена дека итно мора да ги усвои уставните измени и да ги одблокира државните институции.
XS
SM
MD
LG