Достапни линкови

Бугарија-Борисов не уапеа да формира влада


Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов денеска изјави дека не успеал да обезбеди стабилно мнозинство и да формира влада. Неговата партија која победи на изборите на 12 мај освои 97 од 240 места во бугарскиот Парламент. Но, не освои доволно мандати за да формира влада, бидејќи останатите партии не сакаа да коалицираат со неа.
Сега се очекува бугарскиот претседател Росен Плевнелиев да побара од социјалистите, кои добија 84 места во Парламентот, да се обидат да формираат влада.
XS
SM
MD
LG