Достапни линкови

logo-print

Иванов ги осуди случувањата на натпреварот меѓу Шкендија и Тетекс


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов ги осуди синоќешните случувања на арената „Филип Втори“, кои доведоа до прекин на финалето на Националниот фудбалски куп меѓу „Шкендија“ и „Тетекс. Според него, натпреварот наместо да биде празник на фудбалот поминал со навредливи скандирања и фрлање на предмети и факели. Иванов изјави дека сега е моментот решително да се застане на патот на таквите појави и најригорозно да се санкционираат оние кои немаат никаква врска со спортот и ги користат натпреварите за разгорување на секаков вид нетрпеливост и омраза.
XS
SM
MD
LG