Достапни линкови

Камерон-Британија решителна во борбата против тероризмот


Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека неговата земја ќе остане решителна во борбата против екстремизмот и тероризмот по убиството на британски војник во Лондон. Жртвата беше избодена до смрт при што двајцата напаѓачи извикувале исламистички пароли.
Камерон го осуди убиството и го нарече напад против британскиот начин на живот, како и предавство на исламот. Според него, одговорноста е само кај лицата кои го извршиле нападот.
XS
SM
MD
LG