Достапни линкови

80 годишен јапонец најстар човек на Монт Еверест


Јуичиро Миура и неговиот син Гота на Монт Еверест

Јуичиро Миура и неговиот син Гота на Монт Еверест

Осумдесет годишниот јапонец Јуичиро Миура стана најстариот човек на светот кој се искачил на највисокиот врв Монт Еверест кој е на 8848 метри надморска височина. Тој во подвигот бил придружуван од уште тројца јапонски планинари, вклучувајќи го и неговиот син, како и од шестмина непалски шерпаси. Миура кој има четири оперативни зафати на неговото срце преку сателитски телефон изјавил дека се чувствувал одлично. Тој стана славен во 1970 година кога со скии се спушти од Монт Еверест. Миура неколку пати го има освојувано врвот на Хималаите.
XS
SM
MD
LG