Достапни линкови

logo-print

Тоа зборува за длабоко поделено општество. Тоа не е фудбал, тоа се едни симболички конфликти, коментира професор Мирјана Малеска, откако синоќа финалето на фудбалскиот куп меѓу тетовските клубови Шкендија и Тетекс на Арената Филип Втори во Скопје беше прекинато поради националистички скандирања.

Она што се случуваше вчера на финалето на фудбалскиот куп меѓу тетовските клубови Шкендија и Тетекс на Арената Филип Втори во Скопје не му носи добро ниту на фудбалот, ниту на државата, коментира поранешниот селектор на фудбалската репрезентацијата Ѓоре Јовановски. Тој вели дека тоа не е само фудбалски проблем, туку и социолошки, економски и педагошки.
За вакво нешто да не се случува сигурно треба долгогодишна и макотрпна работа на многу експерти од науката. Сигурно дека најбитна работа е да се едуцираат навивачите дека вакви работи не можат да поминат, не во Европа, туку никаде во светот.

„За вакво нешто да не се случува сигурно треба долгогодишна и макотрпна работа на многу експерти од науката. Сигурно дека најбитна работа е да се едуцираат навивачите дека вакви работи не можат да поминат, не во Европа, туку никаде во светот.“

Но ова преку ноќ не може да се реши, оти проблемите се натрупуваат со години додава, Јовановски. Тој вели дека во овој случај најголема поука можат да извлечат политичарите дека со вакво навивање губат сите во државата.

Она што се случува на теренот, ја отсликува големата општествена слика, вели професор Мирјана Малеска. Според неа, подобрувањето на меѓуетниччките односи не се приоритет на оваа власта и сето тоа резултира со вакви случувања на спортските терени.
И јасно на терен потоа го имаме ова што го имаме, нешто што зборува за длабоко поделено општество. Тоа не е фудбал, би рекла, тоа се едни симболични конфликти, ете конфликт околу фудбал, конфликт околу име, знаме, други работи. Тие се само еден знак дека има подлабоки, често пати скриени конфликти во општеството, нетрпение, недоверба меѓу заедниците.

„И јасно на терен потоа го имаме ова што го имаме, нешто што зборува за длабоко поделено општество. Тоа не е фудбал, би рекла, тоа се едни симболички конфликти, ете конфликт околу фудбал, конфликт околу име, знаме, други работи. Тие се само еден знак дека има подлабоки, често пати скриени конфликти во општеството, нетрпение, недоверба меѓу заедниците.“

Ваквите случувања само нè потсетуваат во какво општество живееме и дека може да биде и полошо од ова, вели Малеска. Ова треба да биде мотивација за сите, а особено за властите, да се загрижат и да работат повеќе на интегрирање на општеството, вели таа.

„Има еден слој интелектуален којшто и разговара и се чини интегриран, споделуваме некои заеднички вредности, ама долу во општеството во целина очигледно дека ситуацијата е полоша.“

ФФМ пред два месеци промовираше кампања насловена со „100% фудбал“ против национализмот на стадионите. Според нив, цел на оваа кампања е да се стави крај на сè позачестените инциденти и вулгарни скандирања на натпреварите. Како дел од кампањата ќе се промовираа почитувањето како клучен принцип, како и борбата против местење на натпревари.

Свое видување за врската меѓу професионалниот спорт и национализмот дава некогашниот фудбалер на Јувентус, Базел и Бурсаспор, Иван Ергиќ, за хрватското издание на Ле монд дипломатик.

„Лумпенпролетеризацијата на младите луѓе најјасно се гледа во кафеанскиот и во фолклорниот национализам, кој потоа се манифестира на спортските приредби и колективните манифестации од тој тип. Стадионите и арените така стануваат места каде што се акумулира незадоволството на младите без постојано вработување, кои заедно со своите родители се најголеми губитници од транзицијата“, пишува Ергиќ во текстот објавен пред еден месец.

Национализмот на спортските терени од крајот на 80-тите години на минатиот век стана фолклор на просторите на поранешна Југославија и според многумина, го навести нејзиниот распад. Најпознатиот фудбалски инцидент несомнено се немирите на стадионот Максмир во Загреб од 13 мај 1990 година за време на натпревар меѓу домаќинот Динамо и Црвена Ѕвезда од Белград. Натпреварот беше прекинат по само неколку минути игра и никогаш не беше довршен, откако по бројните националистички скандирања навивачите влегоа во теренот и се судрија меѓу себе, но и со полицијата. За инцидентот се врзува големо политичко влијание, како и замешателство од тајните служби.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG