Достапни линкови

Во Стокхолм и четврта ноќ нереди


Разлутени млади луѓе запалиле еден ресторан и неколку десетици автомобили, а тројца полицајци биле повредени во текот на изминатата ноќ во едно сиромашно предградие на шведскиот главен град Стокхолм. Нередите во предградието Киста траат веќе четири дена со палење автомобили и демолирање, откако полицијата убила еден 69 годишен маж кој држел мачета. Младите велат дека нередите биле во знак на протест против полициската бруталност. Владата повика на смирување на состојбата, а нередите ги окарактизира како хулиганство.
XS
SM
MD
LG