Достапни линкови

Во ЕП ќе се гласа за резолуцијата за Македонија


Ричард Ховит

Ричард Ховит

Во Европскиот парламент денеска треба да се гласа за резолуцијата на Европската комисија и Европскиот совет за напредокот на Македонија. На вчерашната дебата по резолуцијата еврокомесарот Штефан Филе ги повтори заклучоците од декемврискиот самит и пролетниот извештај на Комисијата, односно дека по политичката криза продолжиле реформите, но оти останува да се спроведе докрај договорот од 1 март и да се најде решение за спорот со името. Пораката на британскиот европратеник Ричард Ховит беше дека лидерите во Скопје и Атина треба да покажат храброст и да го решат проблемот со името, а лидерите на ЕУ да не го користат тој предизвик за ново одлагање на почетокот на преговорите.
XS
SM
MD
LG