Достапни линкови

Во Рим „Македонија во чест на Свети Кирил“


Ватикан

Ватикан

Македонска државна и црковна делегација ќе престојува во дводневна посета на Италија и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“. Манифестацијата вечер ќе ја отвори претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а концерт во базиликата „Сан Џиовани деи Фиорентини“ ќе одржи хорот „Свети Климент Охридски“. Молебенот на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ ќе се одржи утре, а потоа македонската делагација ќе биде примена од папата Франциско. Годинава се одбележуваат 1144 години од смртта на Свети Кирил. Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим е централниот настан во чествувањето на Денот на просветителите Кирил и Методиј.
XS
SM
MD
LG