Достапни линкови

Финалето на Купот не се доигра поради националистички скандирања


Финалниот натпревар на националниот Куп на Македонија, во кој се сретнаа тетовските ривали Тетекс и Шкендија, е прекинат уште во првото полувреме, поради националистичките скандирања на „навивачите“ на двете екипи. Одлуката ја донесоа официјалните лица на натпреварот предводени од делегатот Тони Ивановски и главниот судија Александар Ставрев.
На ова му претходеше петнаесетминутен прекин во десеттата минута од натпреварот откако навивачите на Шкендија „балисти„ почнаа со националистички скандирања.
Откако фудбалерите се вратија на теренот, а молбите и апелите од капитените на двете екипи не вродија со плод, во 25-минута од средбата Ставрев и Ивановски одново ги повлекоа екипите.
Во консултации со претставниците на двата тима и раководните луѓе од Фудбалската Федерација на Македонија, донесена е одлука да не продолжи натпреварот.
Според пропозициите, тој треба да се одигра во рок од 24 часа, доколку постојат услови за тоа, што најверојатно и ќе се случи, но речиси сигурно е дека тоа ќе биде пред празни трибини.
XS
SM
MD
LG