Достапни линкови

logo-print

Тачи и Дачиќ постигнаа договор


Премиерот на Косово, Хашим Тачи објави дека тој и неговиот српски колега денеска во Брисел успеале да се договорат за спроведување на договорот Белград-Приштина од 19 април, додека првата дама на европската дипломатија Кетрин Ештон, потврди дека има договор за фиксен текст кој до петок треба да ја известат дека и владите го прифаќаат.
Ова, како што јавува МИА е епилогот по дводневниот состанок на претседателите на владите во Белград и Приштина со Ештон од што зависи дали во јуни Србија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија, а Косово - Договор за стабилизација и асоцијација со Унијата.
Според Тачи, направен е план на активносни според кои во наредните шест месеци ќе се спроведува договореното од 19 април.
XS
SM
MD
LG