Достапни линкови

logo-print

Започна средбата на мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК


Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, започна со размена на мислења меѓу македонските и европските пратеници. Копретседателот од македонската страна на Комитетот, Кенан Хасипи изјави дека очекува утре резолуцијата за напредокот на Македонија во минатата година без некои важни измени да биде изгласана.
Копретседателот на комитетот на ЕУ Јоргос Шацимаркакис изјави дека планираниот состанок во декември бил одложен поради политичките настани во Собранието, но сега и во септември ќе продолжат дискусиите за земјата да остане на европскиот пат.
XS
SM
MD
LG