Достапни линкови

Четворица кандидати за лидер на СДСМ


Кандидатурите на Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Кире Наумов за претседател на СДСМ биле констатирани на вчерашната седница на Извршниот одбор. СДСМ соопшти дека согласно Правилникот програмите од кандидатите за претседател ќе бидат доставени до општинските организации на партијата.
Според соопштението, општинските организации кои ќе бидат заинтересирани за одредени детали и програмски определби, ќе можат да ги повикаат кандидатите на непосредни средби и презентирање на своите концепти пред делегатите и членството на партијата.
XS
SM
MD
LG