Достапни линкови

logo-print

Дрес кодот што министерот за здравство јавно им го соопшти на здравствените работници предизвика револт кај вработените во јавното здравство во Куманово.

Дрес кодот што актуелниот министер за здравство детално и јавно им го соопшти на здравствените работници предизвика револт и реакции кај вработените во јавното здравство во Куманово. Тие велат дека во здравството има круцијални проблеми, меѓу кои основниот е организацијата и недостаток на санитетски материјали, а гломазната администрација ја задушила основата на професијата на медицинските сестри.
Тоа е прашање кое треба да го решаваат главните сестри, не е место на министерот за дрес кодот на сестрите. Имаме главни сестри, началници, директор, можел со нив да се договори, а не јавно да не посрамува на телевизија, бидејќи не изгледаме сите така. Кажа за сестрите, а треба да си ги погледне колешките до себе.

Пациентите се задоволни од односот на медицинскиот персонал, за дрес кодот велат дека министерот се меша во приватниот живот на вработените, додека ги занемарува основните проблеми.

Како го восприемиле јавниот настап на министерот, медицинските сестри кои сакаат да останат анонимни реагираат:

„Тоа е прашање кое треба да го решаваат главните сестри, не е место на министерот за дрес кодот на сестрите. Имаме главни сестри, началници, директор, можел со нив да се договори, а не јавно да не посрамува на телевизија, бидејќи не изгледаме сите така. Кажа за сестрите, а треба да си ги погледне колешките до себе.“
Има многу чекање, персоналот е добар, а по два-три месеци се чека закажување. До тогаш човекот може да умре. А министерот што кажува за лекарствата лаже. Нема ништо од лекарствата. Пред малку ми се намокри маицата, нема со што да се избришам. На сопругот крв му земаа немаа завој.

Сестрите велат дека униформата самите ја купуваат. Тие единствено се согласуваат да носат сина униформа, бидејќи тоа е нивната боја.

„За однесувањето со пациентите не може ние допрва да учиме како треба. Најпрвин недостасува општа култура на населението, да се подигне нивото на свеста, немаме ни добар ден, се караат, ни се обраќаат навредливо, ни беше ветен едношалтерски систем, но тоа не е изводливо. Недостасува организација. А здравствената култура е на ниско ниво. Ни доаѓаат нечисти, неискапени, неперени, ние не сме должни да трпиме било каков смрад. Проблемот е од општа до здравствена култура, а потоа за однесување на персоналот, а ние немаме на кого да се пожалиме.“

РСЕ: Имате ли време за добро однесување?

„Не, немаме време, ние сме зафатени со шалтерска работа, воопшто не работиме медицинска работа. Верувајте, немаме време пациентот да го погледнеме в лице, бидејќи на лицето се гледа дијагнозата и болката на човекот, што е нашата основна работа. Повеќе пати не можеме и со болка пациентите да ги згрижиме затоа што другите се караат затоа што не можат да дојдат на ред. Немаме време да го прашаме што му е. Недостасува добра организација, а не воспитување на медицинските сестри.“

Граѓаните за односот на медицинскиот персонал немаат никакви забелешки.

„Феноменални се, коректни. Други услови нема никакви. Немаат брави на вратите во болницата.“

„Има многу чекање, персоналот е добар, а по два-три месеци се чека закажување. До тогаш човекот може да умре. А министерот што кажува за лекарствата лаже. Нема ништо од лекарствата. Пред малку ми се намокри маицата, нема со што да се избришам. На сопругот крв му земаа немаа завој.“

„Тие се скромно, педантно облечени. Што има министерот да им кажува како да се облекуваат, тоа е мешање во приватен живот.“

„Тие си знаат како треба да се облекуваат.“

„Според условите, задоволни сме. Ако треба нешто пациентот си купува, најскапите лекарства не се на позитивна листа. Тоа не е во ред. Министерот вели дека има попуст, но тоа е за не многу важните лекарства.“

„Не ми е битно како се облечени. Од односот сум задоволна“, забележуваат граѓаните кои со часови поминуваат во чекалните додека да им дојде редот, бидејќи, како што велат, и самите се свесни и очевидци колку многу медицинскиот персонал мора да пишува. А лошата опременост на амбулантите и болничките соби е проблемот со кој како што сметаат граѓаните, министерот треба сериозно да се позанимава.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG