Достапни линкови

logo-print

Украинскиот премиер со забрана за одредени новинари


Украинскиот премиер Микола Азаров

Украинскиот премиер Микола Азаров

Украинскиот премиер Микола Азаров нареди на неколку локални новинари да им биде забрането да следат владини средби. Неговата одлука доаѓа по протестот против неодамнешните напади врз новинари.
Репортерите кои требало да ја следат денешната средба на владиниот кабинет ги исклучиле камерите и му свртеле грб на Азаров и неговите колеги. Тие носеле маици на кои било испишано дека денеска една новинарка беше претепана, утре твојата жена, сестра, ќерка. Азаров го нарече протестот шоу и циркус и побара на новинарите да им бидат одземени акредитациите.
XS
SM
MD
LG