Достапни линкови

logo-print

Началникот на ГШ на АРМ на Конференција во Албанија


Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески

Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески

Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, денеска и утре учествува на седмата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји, која се одржува во Тирана, Албанија. Конференцијата е резултат на иницијативите и заложбите за зајакнување на соработката меѓу државите во регионот, кои имаат за цел промовирање на мирот и стабилноста на Балканот и пошироко.
На Конференцијата ќе присуствуваат и високи претставници на генералштабовите од армиите на Словенија и Хрватска, како и Воениот комитет на НАТО, Здружената команда на НАТО во Неапол и Команда на силите на САД во Европа.
XS
SM
MD
LG