Достапни линкови

Борисов нема да ја формира новата бугарска влада


Бојко Борисов

Бојко Борисов

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија Бојко Борисов најави дека ќе го врати мандатот за состав на нова влада, што треба да му биде доделен утре, без да предложи кандидати за нови министри до Парламентот.Тој изјави дека се решил на таков чекор поради формирањето на нова тројна коалиција меѓу Бугарската социјалистичка партија, турското Движење за права и слободи и националистичката партија Атака.
Партијата на Борисов победи на парламентарните избори, но не може да формира влада, бидејќи другите партии не сакаат да коалицираат со неа.
XS
SM
MD
LG