Достапни линкови

Русија-сослушување за помилување на членка на Пуси Рајот


Марија Аљохина

Марија Аљохина

Рускиот суд го започна сослушувањето за помилување на членката на групата Пуси Рајот, Марија Аљохина. Таа учествува во сослушувањето преку видео линк од затворот во регионот Перм. Аљохина побарала да биде присутна на сослушувањето, бидејќи чуствувала притисок од затворската администрација, но барањето и било одбиено.
Аљохина заедно со уште една членка на групата Надежда Толоконикова отслужува двегодишна затворска казна за хулиганизам. Тие беа уапсени во февруари во минатата година откако ја изведоа таканаречната панк молитва против претседателот Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG