Достапни линкови

Трапави изјави за замајување на јавноста


Министерот за труд и социјална работа Спиро Ристовски на панел дискусија „Десет начини да се намали младинската невработеност“.

Министерот за труд и социјална работа Спиро Ристовски на панел дискусија „Десет начини да се намали младинската невработеност“.

Последните изјави на министрите Ристовски и Тодоров, дел од аналитиарите ги коментират како трапави изјави, кои произлегуваат од обидот да надвладеат во се во јавниот дискурс.

Стануваш на сабајле, миеш лице, пиеш кафе, излегуваш на улица, наоѓаш работа. Јас не знам што не ви е јасно? Потпис - Спиро. Ова е само една од неколкуте во најмала мера саркастични реакции на интернет на последната изјава на министерот за труд и социјална работа по неговата констатација дека младите се прибирливи кога бараат работа. Покрај тоа, откако Министерот за здравство Никола Тодоров го презентираше новиот „дрес-код“ за сестрите на клиниките, се поставува прашањето дали со ваквите постапки и изјави се прави обид за оттргнување на вниманието на јавноста од посуштински проблеми? Ако тоа била целта тогаш нема успех, смета комуникологот Петар Арсовски.
Во основа кога сте политичар не може да ви оди се од рака, мора да се соочите и со тоа што не чини и со тоа што чини, не можете од се да извлечете ќар. Обидот да надвладеат во се во јавниот дискурс раѓа вакви непромислени изјави.

„Мислам дека се повеќе се момент на трапавост. Ако целта била да се отргне вниманието, тогаш таа цел пропаднала монументално, бидејќи само за тие изјави се зборувало во последно време.“

Целиот амбиент на политичкиот дискурс во земјава е свртен кон фасадата и шминка, наместо кон суштината, вели Арсовски.
Архивска фотографија - Министерот Никола Тодоров во посета на битолската болница.

Архивска фотографија - Министерот Никола Тодоров во посета на битолската болница.


„Ваквите изјави ги толкувам во смисла на тоа дека министрите и повеќето јавни личноси се повеќе концентрирани на тоа како да изгледаат добро во јавноста, одошто да се соочат со суштината на проблемот. Во основа кога сте политичар не може да ви оди се од рака, мора да се соочите и со тоа што не чини и со тоа што чини, не можете од се да извлечете ќар. Обидот да надвладеат во се во јавниот дискурс раѓа вакви непромислени изјави.“
Не гледам посебна причина да се даваат вакви изјави коишто се произволни, особено онаа која се однесува на младите. Може да мислиме на такви работи, но ако го кажеме тоа јавно, треба да имаме поцврсти аргументи за да може такво нешто да се каже.

Изјавите кои наидуваат на потсмев или чудење се повеќе одраз на неискуството на самите министри, вели политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети.

„Бидејќи не гледам посебна причина да се даваат вакви изјави коишто се произволни, особено онаа која се однесува на младите. Може да мислиме на такви работи, но ако го кажеме тоа јавно, треба да имаме поцврсти аргументи за да може такво нешто да се каже, бидејќи тоа кога ќе се каже јавно, особено од одговорни луѓе коишто се надлежни за одредени области, министерства итн, тоа звучи многу посилно.“

Во овие случаи станува збор за неискуство, вели Мехмети.

„Според мене е резултат на неискуство и на недоволно познавање на начините како да се пренесат вакви пораки.“

На социјалните мрежи не изостануваат ни коментарите за новитетите во здравството. „Требаше да одам на лекар, ама докторките и сестрите не носат деколтеа и се откажав“ коментира твитерџија.
XS
SM
MD
LG