Достапни линкови

logo-print

Иран: Ахмадинеџад ја осуди дискфалификацијата на Машаи


Ахмадинеџад и Машаи

Ахмадинеџад и Машаи

Иранскиот Претседател на заминување Махмуд Ахмадинеџад изјави дека одлуката за дискфалификација на неговиот главен сојузник на претседателските избори на 14 јуни е акт на репресија.
Имено „Советот на чуварите на револуцијата“ им забрани на Есфандиар Рахим Машаи како и на поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани да се кандидираат.
Само на 8 мина од 686 потенцијални кандидати им беше одобрено да учествуваат во претседателската трка на 14 јуни.
Поголемиот број од нив се дел од тврдото конзервативно крило, лојално на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
XS
SM
MD
LG