Достапни линкови

Стразбур - Мешовит парламентарен комитет РМ - ЕУ


На состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ -ЕУ се очекува да бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европската унија. На дневен ред се актуелната политичка ситуација во државата, реформите во правосудството, јавната администрација, борбата против корупцијата, за слободата на изразување и медиумите, за изборната реформа со осврт на неодамна одржаните локални избори. Потоа треба да стане збор за зајакнувањето на пазарната економија со зголемување на социјалната кохезија, за добрососедските односи, како и за алтернативните начини за користење на обновливите извори на енергија. Копретседавач на Комитетот од македонска страна и претседател на делегацијата на Собранието на Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација е пратеникот Кенан Хасипи, а во состав на делегацијата се и пратениците Ермира Мехмети-Деваја, Андреј Петров, Силвана Бонева и Антонио Милошоски и Беким Фазлиу.
XS
SM
MD
LG