Достапни линкови

Продолжува дијалогот за применa на Договорот Белград-Приштина


Брисел 21 Мај

Брисел 21 Мај

Преговорите за имплементацијата на Договорот меѓу Србија и Косово постигнат на 19 април продолжуваат денеска.
Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи синоќа и по шестчасовните одвоени и заеднички разговори во Брисел со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, не успеаја да постигнат согласност околу временската рамка за имплементирање на договореното и за лицата што ќе учествуваат во овој процес.
Доколку до крајот на оваа недела не биде постигнат договор,
Србија на јунскиот Самит на ЕУ најверојатно нема да добие датум за почеток на пристапните преговори со Унијата.
XS
SM
MD
LG